СПОРТСКИ ДУХ, ДРУЖЕЊЕ И МНОГУ ЗАБАВА СО НАШИТЕ ГОСТИ ОД ВИРЏИНИЈА!

🏀⚽ СПОРТСКИ ДУХ, ДРУЖЕЊЕ И МНОГУ ЗАБАВА СО НАШИТЕ ГОСТИ ОД ВИРЏИНИЈА! 🇺🇸🇲🇰
​Во склоп на активностите за изградба на новото игралиште, вчера (02.06.2026 година) во дворот на ООУ „Гоце Делчев“ се одржаа возбудливи спортски игри! 🏆✨
​Нашите ученици ги одмерија силите, но пред сѐ се дружеа и се забавуваа со нашите драги гости и волонтери од Вирџинија, САД. Преку кошарка, одбојка и многу натпреварувачки игри, уште еднаш докажавме дека спортот е најдобриот јазик за поврзување, градење пријателства и тимски дух! 🤝
​🙌 Спортскиот терен ечеше детска смеа и позитивна енергија, кои долго ќе се паметат во нашето училиште.
​🌳 Голема благодарност до сите учесници и до нашите пријатели од САД кои го направија овој ден вистински спортски празник за децата! 💙