Историјат

ООУ „Гоце Делчев” како централно училиште, го опфаќа реонот на Горно Лисиче и дел од дивоградбите на периферијата на ова населено место, кое припаѓа на општината “Аеродром” во Скопје. Училиштето е најстаро во општина Аеродром постои од 1924 година.

Населението е од мешан состав: 87% се Македонци, 4% Роми и 1% Турци, кои наставата ја следат на македонски наставен јазик,а 8% се Албанци кои наставата ја следат на албански наставен јазик, но само од I-Vодделение.

ООУ „Гоце Делчев“ има статус на јавна установа чија основна дејност е воспитание и образование на деца. Во состав на централното училиште работи подрачното  училиште во Долно Лисиче со настава од прво до деветто одделение.Наставата во централното училиште се изведува во 13 стандардни училници кои ги користат учениците и од одделенска и од предметна настава, а во подрачното училиште наставата се изведува во 7 училници.