За патронот

Гоце (Ѓорѓи ) Делчев, симболот на борбата на македонскиот народ за слобода, се родил во Кукуш на 4 февруари 1872 год. а загинал во Баница на 4 мај 1903г. Се вбојува во редот на најистакнати македонски револуционери кој имал најголеми заслуги за изградување, идејно оформување и јасно одредување на целите и задачите на Македонската револуционерна организација. Посебно е заслужен за ширење на Организацијата меѓу народот и формирањето на четничкиот институт. Делчев бил голем бранител на самостојноста и независноста на македонското ослободително дело од надворешни, соседни влијанија. Неговиот интернационален, космополитски поглед на светот го вбројува во редот на прогресивните светски хуманисти.

Делчевата неуморна организаторска дејност, неговата искреност, чесност, праведност и преданост кон ослободителното дело, довеле до тоа да биде признат и прифатен како апостол на македонската слобода. Неговото име и дело останале пример за идните македонски генерации.