Уште една успешна генерација деветтоодделенци го заврши своето основно образование. Со многу радост, насмевки и емоции ги испративме нашите ученици кон ново животно поглавје – средното образование.
Денес со гордост ги испраќаме, уверени дека ќе продолжат да ги следат своите соништа и да постигнуваат нови успеси.
Им посакуваме многу среќа, здравје, успех и убави моменти во средното образование. Нека храбро чекорат по патот кон својата иднина и секогаш со љубов да се сеќаваат на деновите поминати во основното училиште.
Среќно, драги деветтоодделенци! Вашето училиште секогаш ќе биде ваш втор дом. 🎓✨





