Во склоп на активностите за изградба на новото игралиште, вчера (02.06.2026 година) во дворот на ООУ „Гоце Делчев“ се одржаа возбудливи спортски игри! 

Нашите ученици ги одмерија силите, но пред сѐ се дружеа и се забавуваа со нашите драги гости и волонтери од Вирџинија, САД. Преку кошарка, одбојка и многу натпреварувачки игри, уште еднаш докажавме дека спортот е најдобриот јазик за поврзување, градење пријателства и тимски дух! 
Спортскиот терен ечеше детска смеа и позитивна енергија, кои долго ќе се паметат во нашето училиште.
Голема благодарност до сите учесници и до нашите пријатели од САД кои го направија овој ден вистински спортски празник за децата! 




