Проект „ Млади чувари на традицијата“

✨Во периодот од 21.4.2026 до 15.5.2026 год. нашето училиште беше дел од проектот „ Млади чувари на традицијата“, поддржан од Министерството за култура и туризам. Во рамките на проектот беа спроведени четири работилници со учениците од шесто одделение, под раководство на наставникот Магдалена И. Трајковска.
Целта на работилниците беше зачувување, негување и пренесување на традиционалните вредности на помладите генерации; развој на креативноста и поттикнување на детската имагинација преку едноставни рачни техники (изработка на народни носии и инструменти); визуелно запознавање со фолклорот; градење почит кон занаетчиството; интерактивно учење на историјата; јакнење на националниот идентитет. Работилниците беа со наслов:
• Две работилници „ Мали раце, големи традиции“
• Работилница „Мојот прв народен ритам“
• Работилница „Чувари на обичаите“ – истражувачка акција со постари членови на заедницата“
Преку ваквите проекти и активности, учениците не само што ја негуваат традицијата туку и учат да ги почитуваат семејните и националните вредности, да развиваат чувство на припадност и љубов кон својата татковина. 🤝❤️🇲🇰
Одговорен наставник
Магдалена И Трајковска