МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕТЕТО

🌟 МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕТЕТО 🌟
​🌈По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, се спроведоа спортско-рекреативни активности за учениците од целодневната настава.
Главната цел беше одбележување на овој убав ден преку физичка активност, дружење и промоција на здрави животни навики. 🏃‍♂️🏃‍♀️
​Настанот помина во весела и динамична атмосфера, со реализација на повеќе спортски, штафетни и рекреативни тимски игри. Поделени во екипи, учениците покажаа одличен тимски дух, брзина, координација и фер-плеј. 🤝🏆
​Активноста заврши со силна порака: „Во играта се победува и се губи, но учеството е најважно!“ ❤️
​Целта на настанот беше целосно исполнета, а најдобар доказ за тоа беа искрените насмевки и задоволството на лицата кај нашите ученици. 😊✨