Инвестиции, солидарност и силна порака против насилството! 🏫✨

Инвестиции, солидарност и силна порака против насилството! 🏫✨
​Денешниот ден во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче помина во знаци на позитивни промени, пријателство и грижа за најмладите.
​🎠 Ново детско игралиште во училишниот
двор.🎠
Градоначалникот Дејан Митески ја посети изградбата на новото детско игралиште. Она што е прекрасно е што него заеднички го градат волонтери-ученици од САД и ученици од ООУ „Гоце Делчев“, покажувајќи огромна солидарност. Проектот се реализира со донација од компанијата LinkAcross од Вирџинија, САД, и Советот на родители.
​🚫 Драмска точка: „Стоп за врсничко насилство“
Како дел од денешниот настан, драмската секција под менторство на наставничката Слаѓана Јовановиќ изведе моќна драмска точка со која учениците гласно порачаа:
​Да избереме збор што лекува, наместо збор што повредува.
​Да подадеме рака и да изградиме пријателство, наместо ѕидови.
​Силата е во знаењето, читањето книги и добрината!
​🛑 Поддржи, не повредувај. Силата е во добрината!
​Секое дете заслужува безбедно, среќно и инспиративно место за растење. Вложувањето во нашите ученици е вложување во иднината на Аеродром! 💫🌳