
На 31.03.2026 година, учениците од IV-1,IV-2 ,IV-4 одделение имаа можност да проследат интересна и едукативна презентација на тема „Кликај безбедно“, реализирана од А1 Македонија.


Преку интерактивен разговор, практични примери и дискусија, учениците се запознаа со правилата за безбедно користење на интернетот. Тие научија како да ги заштитат своите лични податоци, како да препознаат ризични ситуации во онлајн просторот и како соодветно да реагираат при појава на насилство на интернет.

Со вакви активности продолжуваме да ја развиваме дигиталната писменост кај учениците и да поттикнуваме одговорно, безбедно и свесно користење на технологијата.
Учениците добија и едукативен материјал за проширување на знаења на темата ,благодариме А1 Македонија.
