АПРИЛИЈАДА 2026 – ДЕН ПОЛН СО СМЕА И КРЕАТИВНОСТ!

🤡АПРИЛИЈАДА 2026 – ДЕН ПОЛН СО СМЕА И КРЕАТИВНОСТ! 🎭
​АПРИЛ е четвртиот месец во годината. На првиот ден од овој месец се раскажуваат смешни, хумористични кратки приказни со цел некој да се насмее и расположи. На тој начин се одбележува Светскиот ден на шегата, или како што некои го нарекуваат – денот на сите шегаџии. 🃏✨
​Во нашето училиште Светскиот ден на шегата беше одбележан со весело првоаприлско дефиле на маски изработени од нашите ученици. Креативноста и фантазијата ги преплавија училишните ходници, а насмевките беа на секое лице! 🌟
​Членовите на Комисијата како најуспешни ги оценија маските на:
🏆 Ивона Андоновска III-2 одд.
🥇 Ева Савеска IV-2 одд.
🥈 Ада Војновиќ IV-2 одд.
​Честитки до сите за трудот и оригиналноста! Продолжете да ја негувате ведрината и креативниот дух! ❤️🎈