„Сини срциња“-Одбележување на Светскиот ден на аутизам ❤

💙На ден 2.4.2026 година, во нашето училиште се реализираше активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на аутизмот, со учениците од 2 до 3 одделение.💙
🫶Целта на активноста беше развивање на емпатија, прифаќање и меѓусебно почитување кај учениците, како и подигнување на свеста за различностите.
💙🩵💙Активноста беше насловена „Сини срциња“. Секој ученик извлече име од своите соученици и во текот на следните три дена има задача да прави мали добри дела за ученикот чие име го извлекол. Тоа вклучува помош при учење, убав збор, споделување на прибор, охрабрување и други позитивни постапки.💙🩵💙
Преку оваа активност учениците:
• учат да бидат внимателни и грижливи;
• развиваат чувство на припадност и прифаќање;
• согледуваат колку малите добри дела имаат големо значење;
• се поттикнуваат да ги почитуваат разликите меѓу луѓето.
Активноста успешно ја постигна својата цел и придонесе за создавање позитивна и поддржувачка атмосфера во училиштето.💙🩵💙