На 5 март се одбележува Светскиот ден за заштeда на енергијата
Овој ден има за цел да ја подигне свеста кај луѓето за важноста на штедењето и рационалното користење на енергијата .
Енергијата ни е потребна секојдневно — за осветлување, греење, готвење и за работа на електричните уреди . Но, нејзиното прекумерно користење доведува до загадување и трошење на природните ресурси.
Затоа е важно да се користат енергетски ефикасни уреди, да се исклучуваат светлата кога не се потребни и да се користат обновливи извори на енергија, како што се сонцето, ветерот и водата
Со учениците спроведовме многу активности на оваа тема. Тие научија дека со мали промени во секојдневните навики можат да придонесат за зачувување на природата и да си обезбедат подобра иднина.