Соработка со родителите

🤝 Соработка со родителите
Интерен училиштен проект „Рака за рака со семејството“
👨‍🏫Во рамките на тековниот проект, изминатиот месец февруари се одржаа многу работилници и часови со родителите за планираната активност „Родител во улога на наставник – учиме заедно“. 👩‍🏫
🎨Прво одделение: Родител реализираше интегриран час по ликовно образование и природни науки, при што учениците изработуваа креативни творби користејќи различни материјали. ✂️
✨Второ одделение: Родител одржа презентација на тема „Стоматолог“, со цел учениците да се запознаат со оваа професија и со значењето на грижата за забите и оралното здравје. 🦷
🤸‍♂️Исто така, родител со многу ентузијазам реализираше час по физичко и здравствено образование со ритмички игри со и без реквизити. 🏀
⚖️Трето одделение: Родител ја доближи содржината „Урамнотеженост и неурамнотеженост на сила“ преку интересно и интерактивно излагање.
🍬 Учениците активно учествуваа, а инспирирани од приказна на Славко Јаневски, со помош на родителите изработија „слатко шеќерно дете“.
🩺Благодарение на родител – доктор по општа медицина, се запознаа со вирусите и бактериите и начините за заштита. Посебно внимание беше посветено и на хигиената на велосипедите и правилното миење раце. 🚲🧼
💖Четврто одделение: По повод Денот на добрината, учениците и родителите учествуваа во работилницата „Правиме добри дела“. Се хранеа бездомни животни, се помагаше дома и се разменуваа писма со благодарност. 💌🐾
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ, ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО СТЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО УЧИЛИШНО СЕМЕЈСТВО И ШТО ЗАЕДНО ПОКАЖУВАМЕ ДЕКА НАЈГОЛЕМ УСПЕХ СЕ ПОСТИГНУВА КОГА СЕМЕЈСТВОТО И УЧИЛИШТЕТО СОРАБОТУВААТ! 🏫👫🌟