На ден 05.03.2026 година, професорки од Сеизмолошката опсерваторија при Природно–математичкиот факултет – Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“), одржаа предавање за учениците од VIII-1 одделение на тема „Земјотреси – експеримент на природата“


.

Земјотресите претставуваат важен природен процес кој ни помага подобро да ја разбереме структурата на Земјата . Иако можат да бидат опасни, со соодветно знаење и добра подготовка можеме значително да ги намалиме нивните последици

.

За време на предавањето, на учениците им беше објаснето како настануваат земјотресите, кои се основните поими поврзани со нив, начините на мерење, како и инструментот со кој се бележат – сеизмографот

.

Учениците се запознаа и со можните последици, како и со постапките за заштита при земјотрес .

Во рамки на активноста беше реализирана и симулациска вежба , при што учениците практично вежбаа како треба да се однесуваат доколку се случи земјотрес додека се во училница.

Предавањето беше интересно, едукативно и корисно, а учениците активно учествуваа и покажаа голем интерес за темата


.