🙂 На ден 2.3.2026 година, учениците од III-1 одделение реализираа едукативна посета на компанијата Vitalia Health Food, согласно претходно договорената агенда.
❤️ Учениците беа љубезно пречекани од страна на вработените и запознаени со правилата за однесување за време на посетата. Во рамки на програмата беше реализирано едукативно предавање од нутриционист, прилагодено на возраста на учениците.
🥣 Тие имаа можност да слушнат корисни информации за значењето на здравата исхрана, редовниот појадок и правилниот избор на намирници. Учениците активно учествуваа дискусија и покажаа голем интерес за темата.
🎋 Потоа следуваше посета на производствените погони, каде учениците се запознаа со процесот на производство, пакување и контрола на квалитетот на производите. Стручно лице од компанијата на едноставен и разбирлив начин им го објасни целиот процес на работа, со посебен акцент на хигиената и безбедноста на храната. По разгледувањето, учениците се вратија во административниот дел, каде добија пакетчиња со производи од компанијата.
✨ Посетата заврши со заедничко фотографирање во дворот на компанијата. Посетата беше успешно реализирана, а учениците стекнаа нови знаења и позитивно искуство поврзано со здравиот начин на живот и производството на храна.
🗣️ Изразуваме искрена благодарност до раководството и вработените во компанијата Vitalia Health Food за топлиот прием, професионалноста и гостопримството, како и за вложениот труд во едукативната презентација и организацијата на посетата. 🍀






