Интерактивен час по природни науки

🍫На ден 4. 3. 2026 година, во нашето одделение IV-1, преку практична активност учевме за агрегатните состојби на материјата по предметот Природни науки ⚗️🌡️.
Ги обработивме поимите: топење, мрзнење, испарување и кондензација.
​☀️💧❄️Учениците во живо ги набљудуваа процесите на топење на чоколадо и путер, мрзнење, вриење на водата, испарување и кондензација .
🍪За сето ова да се реализира на најинтересен начин, учениците подготвија вкусни колачиња — со што истовремено научија многу, но и убаво се засладија 😋4