
На 5.3.2026 год., во согласност со планираните активности во рамки на програмата за спречување на дискриминацијата, учениците од Ученичкиот парламент заедно со наставничката по историја Магдалена И. Трајковска, реализираа работилница на тема: „Улогата на жената низ историјата и во современото општество“.

Поаѓајќи од антиката, преку средниот и новиот век, па сè до почетокот на ерата на интензивна борба за добивање на правата, учениците го анализираа развојот на жените од маргинализирани фигури до незаменливи столбови на општеството.

Се потсетија на жените чии дела и дух оставиле длабока трага во историјата, општеството, културата и науката.

Дискутираа за денешната улога на жените во сите сфери на општествениот живот, како и за современите предизвици и стереотипи со кои секојдневно се соочуваат.

Беше констатирано дека и покрај значителниот напредок, предизвиците како родовата нееднаквост, „стаклениот плафон“ и насилството врз жените остануваат актуелни, а борбата за нивно отстранување треба да биде приоритет за секое општество.