На ден 3.3.2026 во III-3 одделение подрачното училиште се одржа предавање на тема „ Заштита од вируси и бактерии” од страна на родителот Маја Аврамов, доктор по општа медицина.
Учениците се запознаа со поимите вируси и бактерии, разлики помеѓу нив, колку се опасни и како да се заштитат од истите. Покрај другото, големо внимание се посвети и на чистотата на велосипедот, кој со доаѓање на пролетните денови станува се поактуелен.
Имаа и практична вежба за правилно миење на рацете со сапун и вода по игра и по возење велосипед.
На крај учениците го потврдија своето знаење преку квиз прашања.
Учениците активно учествуваа во предавањето, покажаа интерес и љубопитност, а за својата активност беа наградени со по едно сапунче за правилно одржување на личната хигиена и диплома за активно учество.
Голема благодарност до родителот за реализираната соработка.













