Мултиетничка работилница

Со насмевки и многу креативност, учениците од македонските и албанската паралелка од IV одделение на ден 03.03.2026, реализираа заедничка мултиетничка работилница. 🤝

Во мешани групи изработуваа прекрасни корпи со цвеќе по повод 8 Март, покажувајќи дека соработката и почитувањето на различностите создаваат најубави дела. 🌸

Горди сме на нивниот труд, тимски дух и другарството што го негуваат. 💛