Ученички парламент

👉 Денес, 26.2.2026 г. се одржа состанок на Ученичкиот парламент кој го отвори претседателот на Ученичкиот парламент, Илина Трпеска IX-4 одд која преку презентација ја насочи дискусијата кон клучни теми поврзани со:
🔹 врсничко насилство
🔹 видови насилство
🔹 почит меѓу половите и негување хумани односи.
🟣 Во рамки на проектот за превенција од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, спречување дискриминација, превенција од злоупотреба на алкохол, тутун, дроги и други психотропни супстанци, како и спречување учество во игри на среќа и малолетничка деликвенција, беше реализирана: Тркалезна маса на тема
„Стоп на врсничкото насилство“.
👉 Преку метод на дискусија, презентација и врсничко учење, учениците споделуваа мислења, примери и начини на справување со конфликти на мирен начин.
👉 Наставниците од тимот за поддршка Маја Грујоска, наставник по македонски јазик и Маја Смилеска, наставник по англиски јазик ги поттикнуваа учениците на критичко размислување, развивање емпатија и демократска комуникација.
🎯 Целта беше создавање безбедна и позитивна училишна клима, развивање чувство на другарство и прифаќање, како и зајакнување на улогата на Ученичкиот парламент во превенција на насилството. Заклучоците и пораките ќе бидат споделени во паралелките.
🔵 Ученичкиот правобранител, Матео Стеваноски IX-3 одд. ги презентираше клучните точки од предавањето „Безбеден интернет“, спроведено од организацијата MkSafeNet, на кое учествуваа членовите на Ученичкиот парламент. Се дискутираше за безбедно користење на интернет, заштита на лични податоци, препознавање и пријавување на онлајн насилство.
🟢 Во пресрет на 28 февруари – Меѓународниот ден на ретките болести, беше ставен акцент и на темата ,,Ретки болести” , со цел подигнување на свесноста, развивање емпатија и поддршка кон лицата кои се соочуваат со овие предизвици. Беа поделени летоци со едукативна содржина за ретките болести подготвени од училишниот дефектолог Снежана Миленкова.
Дополнително, се дискутираше и за:
✔️ полугодишниот успех на учениците
✔️ учество во активности за уредување и заштита на животната средина
✔️ значењето на личната хигиена
✔️ евалуација на досегашната работа на Ученичкиот парламент.
Со активна вклученост и конструктивна дискусија, учениците уште еднаш покажаа дека се двигатели на позитивни промени во училиштето.
💜 Заедно градиме безбедна, одговорна и солидарна училишна заедница!