Соработка со родител- предавач

👉На ден 25.2.2026 год по предметот природни науки во III-1 одделение се одржа час на тема ,,Урамнотеженoст и неурамнотеженост на сила” од страна на родителот Зорица Крстевска Стевковска во рамки на соработката училиште-родители.
👉 Родителот на учениците им ја доближи темата преку интересно и интерактивно излагање, проследено со практични примери и демонстрации.
Учениците активно учествуваа во разговорот, поставуваа прашања и покажаа голем интерест за содржините кои беа презентирани.
👉 Во текот на часот беа користени соодветни наставни средства и материјали (презентација, конкретни предмети/материјали за демонстрација), што придонесе за подобро разбирање на наставната содржина. Преку практична активност учениците имаа можност непосредно да набљудуваат, истражуваат и донесуваат заклучоци.
👉 Атмосферата на часот беше позитивна, работна и мотивирачка. Учениците со внимание ја следеа презентацијата и успешно ги реализираа поставените задачи. Преку ваквиот начин на реализација се поттикнува љубопитноста и истражувачкиот дух и интересот за природните појави.
😊 Одржаниот час претставуваше одличен пример за успешна соработка помеѓу родителите и училиштето, при што учениците стекнаа нови знаења и искуства на интересен и креативен начин.
👏 Изразуваме благодарност до родителот Зорица Крстевска Стевковска за вложениот труд, ангажираноста и придонесот во реализација на активностите.