Проектна активност ,,Птиците наши пријатели”

По повод Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина, малите хуманисти од III-2 одделение, низ десет училишни часови реализираа креативен проект за заштита на птиците во нивното природно опкружување.

Заедно со своите вредни родители, учениците изработија прекрасни куќички и хранилки за птици.

​Со заеднички сили, ги поставивме куќичките низ училишниот двор за да им го олесниме презимувањето на нашите мали пердувести пријатели.

​Преку оваа прекрасна соработка учиме колку е важно да бидеме грижливи и одговорни кон светот што нè опкружува. Нашите мали дела на добрина се голема помош за птиците, а ние едвај чекаме напролет училишниот двор да ечи од нивната најубава песна!