Во последните години електронските цигари (вејпови) станаа многу популарни, особено кај младите. Тие често се рекламираат како „побезбедна“ замена за обичните цигари, но научните истражувања покажуваат дека и тие носат сериозни ризици за здравјето( содржат никотин кој создава зависност и може негативно да влијае врз развојот на мозокот кај младите,вдишувањето на хемикалиите од вејповите може да предизвика проблеми со белите дробови, како кашлица, отежнато дишење и воспаленија.Никотинот исто така го зголемува крвниот притисок и го оптоварува срцето.Во аеросолот од електронските цигари се наоѓаат и штетни материи како тешки метали и токсични хемикалии. Дополнителен проблем е тоа што долгорочните последици сè уште не се целосно познати.Особено се загрозени младите, затоа што лесно стануваат зависни.
На ден 11.2.2026 година, од страна на педагогот Силвана Матиловска, со учениците од VIII-3 одделение се дискутираше на оваа тема.
И сите заедно го заклучивме следното:Иако електронските цигари често се претставуваат како побезбедни од обичните, тие не се безопасни. Тие создаваат зависност, можат да го оштетат респираторниот и кардиоваскуларниот систем и претставуваат посебен ризик за младите. Најбезбедниот избор за здравјето е воопшто да не се користат ниту електронски ниту традиционални цигари.
Педагог: Силвана Матиловска
