На ден 11.02.2026 година, по повод одбележувањето на Денот на побезбеден интернет, во нашето училиште со учениците од V-3 oдд.од страна на педагогот се реализираше активност со цел подигање на свеста кај учениците за правилно, одговорно и безбедно користење на интернетот.
Овој ден се одбележува секоја година со цел да се потсетиме дека интернетот носи многу придобивки, но и одредени ризици, особено за младите. И особено е важно учениците да научат и да знаат како да се заштитат во онлајн средината.
Спроведени активности: Се одржа едукативен разговор за:
• што претставува безбеден интернет
• кои се најчестите опасности на интернет (лажни профили, измами, навреди, злоупотреба на лични податоци)
🔹 Учениците дискутираа за:
• правилата на однесување на социјалните мрежи
• зошто не треба да се споделуваат лични информации
• што да направат ако некој ги вознемирува онлајн
🔹 Беа дадени совети како:
• да користат силни лозинки
• да не прифаќаат непознати лица за пријатели
• да пријават несоодветна содржина
• да разговараат со родител или наставник доколку се соочат со проблем
Главната цел беше учениците да научат дека:
✔ интернетот треба да се користи паметно
✔ секој има право на безбедност и почитување
✔ онлајн однесувањето е исто толку важно како и однесувањето во реалниот живот.
Педагог: Силвана Матиловска
