Учениците од IV-2 одделение на ден 9.2.2026 реализираа работилница за рециклирање на хартија и картон , при што изработуваа различни креативни предмети: кутии за накит, кутија за милениче, компјутер од картон, столчиња и рамки за фотографии.
Преку оваа активност учениците развиваа креативност и умешност, како и еколошка свест , и се запознаа со значењето на повторната употреба и рециклирањето.
Работилницата е во согласност со наставните содржини по техничко образование, слободен изборен предмет – изработки од хартија (оригами) и природни науки.


