Добиен грант од МОН за програма за здрава, безбедна и поддржувачка средина за учениците

🍀 Со голема радост и гордост информираме дека нашето училиште е меѓу избраните кои добија значаен грант од Министерството за образование и наука.
😊 Добиените средства ќе бидат наменети за спроведување програми кои придонесуваат за создавање здрава, безбедна и поддржувачка средина за учениците, вклучувајќи:
👉 превенција од насилство и занемарување
👉 борба против дискриминација
👉 превенција од злоупотреба на алкохол и психотропни супстанци
👉 спречување на малолетничка деликвенција
🌟 Овој грант претставува признание за нашата посветеност кон градење на безбедно и инклузивно училиште, во кое секое дете има еднаква можност за развој и успех.