Културно-уметнички настан ,,Тоше те сакаме”

Тоше те сакаме“ – настан исполнет со љубов и спомени што нè обединија

Со многу емоција, љубов и искрена почит, денеска во аулата на ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа културно-уметничкиот настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на нашиот еден и единствен Тоше Проески.

Нашиот училиштен хор имаше изведба со една од најубавите песни ,,Сонце во твоите руси коси” под диригенство на наставничката по музичко Марија Андонова

Посебна димензија на настанот му дадоа музичките уметници Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов. Со своите изведби тие докажаа дека Тоше е безвременски, а неговите песни ќе живеат и ќе се пејат долго.

Настанот произлезе како иницијатива на жителите, а се реализираше со поддршка и коорганизација на Општина Аеродром, во соработка со детските градинки, сите основни училишта и партнерите Boemot и RVR Brend.

„Тоше те сакаме“ е повеќе од настан – тоа е порака за љубов, човечност и заедништво, со надеж дека оваа иницијатива ќе прерасне во убава традиција што ќе ги инспирира младите генерации.