
Во рамките на проектот Вело училишта, за месец декември беа изведени активности со I-2 одд и III-3 одд.

Учениците од прво одделение преку презентација се запознаа со деловите на велосипедот, а потоа решаваа квиз на кој наградата беше поминати 8км еднаква на 4 часа слободни во спортска сала. Потоа распоредени во групи, од дрво и хартија изработуваа велосипед.

Следна активност беше сложувалка која учениците самостојно ја изработија, ги исекоа деловите, ги измешаа и ја составуваа.

Учениците од трето одделение ја играа играта „Патеката На Вело Мраз”.

Целта беше доколку одговорат точно на поставеното велосипедско прашање ќе може да седнат на својот велосипед и да достават храна до одредена дестинација. Победник е оној кој прв ќе стигне до целта и тој е Вело Мраз број 1. Секоја партија ја играа по тројца натпреварувачи.