Eдукативен час Пчеларство

На ден 26.11.2025 во нашето одделение IV 1 имавме интересен гостин кој се занимава со пчеларство. Во склоп на наставата по предметот Природни науки и темата ,,Особини на животните и растенијата и нивните особини” како и сорабoтка со родител реализиравме еден интересен и необичен час за учениците.

Животните (инсектите) и растенијата се меѓусебно поврзани и се подеднакво важни за опстанокот на светот. Колку ние да мислиме дека некое животно, растение или инсект не треба да постои треба да знаеме дека секој си има своја улога во природата.

Улогата на пчелите е многу важна за нас луѓето, а и за постоењето на растенијата во природата.

Учениците се запознаа со важноста на пчелите, облеката на пчеларите, видовите пчели, нивната улога, научија нови поими – полен, нектар, паша, матичен млеч, матица, трут како и производот кој го добиваме од пчелите, а многу важен за нашето здравје.

Преку презентација, активности, но и презентација и конзумирање на мед, саќе и матична млеч учениците се засладија и ја научија полезноста од конзумирањето на здрави производи во секојдневниот живот за подобрување на имунитетот во периодот на настинки и вируси.

Голема благодарност до реализаторот на активноста родителот Анета Јовеска.