Првачињата истражуваат

Во изминатите две седмици  I-2 одделение спроведе истражување со кое учениците учеа што ќе се случи доколку во плодна почва засадиме семе од грав.

Првите неколку дена учениците забележаа дека почвата останува влажна, но нема видливи промени. По околу пет дена, од семето почна да се појавува мал зелен никулец. Учениците со возбуда го следеа секој нов ден – стебленцето стануваше подолго, а се појавија и првите два листа.

На крајот од втората недела растението од грав беше пораснато, со силно стебло и јасно видливи зелени листови. Учениците научија дека растенијата имаат потреба од земја, вода, светлина и грижа за да растат успешно.

Ова истражување им помогна подобро да го разберат животниот циклус на растенијата и важноста на редовното наводнување и соодветните услови за растење.