Театарска претстава ,,Доживувањата на Куферко”

На ден 25.11.2025 во нашето училиште низ смеа, песна и глума учениците ја следеа претставата/мјузикл “Доживувањата на Куферко”.

На еден детски и забавен начин Куферко заедно со Бисера и дедо Константин не забавуваа и ни раскажаа за лудориите на Куферко и заедничките доживувања за време на летниот одмор.

Претставата беше од едукативен карактер со вклучена интеракција со учениците кои ја следеа во рамките на програмата по македонски јазик и музичко образование.