Работилница на Ученички парламент

Учениците од Ученичкиот парламент и оваа недела ја завршија со вредна работа. Покрај тековните извештаи и активности, тие организираа и кратка дебата на тема „Различности“, по повод Денот на толеранцијата, кој се одбележува во месец ноември.

На состанокот присуствуваа и училишниот педагог Силвана Матиловска и училишниот дефектолог Снежана Миленкова, кои заедно со тимот за поддршка ја насочија дискусијата и ги поттикнаа учениците на активно учество.

Со свои идеи, ставови и лични примери, учениците уште еднаш докажаа дека толеранцијата, почитта и прифаќањето се темели на здрава и позитивна училишна средина.

Тим за поддршка:

Маја Грујоска- наставник по македонски јазик

Маја Смилеска-наставник по англиски јазик.