Учениците од lll-1 одделение реализираа посета на забната ординација Royal Dental Lap – Smile Archites. Посетата беше организирана како дел од активноста по предметот Природни науки ,во рамки на темата „Грижа за здравјето“,во соработка со родител од одделението.
За време на посетата, учениците се запознаа со работата на забните техничари, ја разгледаа лабараторијата и ја набљудуваа опремата и материјалите што се користат при изработка на забни модели.
Преку демонстрации и кратки практични активности, како мешање материјали и изработка на едноставни модели, учениците стекнаа нови знаења и покажаа голем интерест и возбуда.
На крајот од посетата учениците добија мали подароци,што дополнително го разубави нивното искуство.
Посетата беше едукативна ,поучна и мотивирачка, и им помогна на учениците подобро да ја разберат важноста на грижата за оралното и општото здравје.
Упатуваме голема благодарност до родителот Катерина Јовановска за соработката и успешна организација на активноста.






