На ден 30.10.2025 година се одржа состанок на Учeничкиот парламент на кој се разгледуваа и усвојуваа важни точки од дневниот ред:
-Донесување на Програмата за работа на парламентот;
-Потсетување на куќниот ред во училиштето;
-Презентација на извештај за реализираната хуманитарна акција под мотото „Македонија без глад“;
-Работилница на тема „Конвенцијата за правата на детето“;
-Одбележување на Месецот на книгата со активности за поттикнување на љубовта кон читањето.
Претседателот на Учeничкиот парламент, Илина Трпеска презентираше интересни факти за читањето книги, укажа на добри практики за развивање на читачки навики и предложи литература привлечна и интересна за учениците.
На оваа активност присуствуваше и училишниот библиотекар – Тања Стојковска, која сподели мудри мисли за читањето, ја претстави содржината на книжниот фонд на училишната библиотека и ги покани сите членови на парламентот на заедничка активност во наредниот период.
На состанокот присуствуваше Елена Спасовска – училишен психолог, како и тимот за поддршка на учениците, во состав: – Маја Грујоска – наставник по македонски јазик, – Маја Смилеска – наставник по англиски јазик.
Тие активно се вклучија во разговорите, ги поттикнуваа учениците да размислуваат критички и отворено да ги споделуваат своите мислења, им појаснуваа конкретни ситуации и можности за заедничка соработка, со цел секој ученик да се чувствува прифатен, слушнат и сигурен во училишната средина.
Со својата поддршка тие придонесоа кон развивање на позитивна училишна клима, подобрување на меѓусебните односи и поттикнување на личниот и академски развој на учениците.
Учeничкиот правобранител Матео Стеваноски координиран од училишниот педагог- Силвана Матиловска, се претстави пред своите соученици и зборуваше за својата улога, поддршката и помошта што им ја нуди на сите ученици во училиштето.
Се реализира и активност за дислексија под водство на училишниот дефектолог – Снежана Миленкова, со цел подигнување на свеста и разбирањето за учениците со потешкотии при читање и пишување.
Воедно, ученичката од VIII-1 одделение, Драгана Михајлова – секретар на Учeничкиот парламент, беше избрана за член од редовите на ученичката заедница кој ќе биде дел од училишниот тим за заштита од насилство, злоупотреба, дискриминација, како и од програмите за превенција од алкохол, тутун, дрога, игри на среќа и малолетничка деликвенција.
Учениците активно учествуваа во дискусиите, предлагаа идеи и покажаа голем интерес за подобрување на ученичкиот живот и создавање позитивна, безбедна и поддржувачка училишна средина.




