Работилница со училиштен дефектолог

Поставувањето јасни и конзистентни граници им помага на децата да се чувствуваат безбедно и сакано. Почитувањето кое тие го добиваат уште од најмала возраст значи многу за целокупниот нивен раст и развој во текот на животот. ,,Да се ставиме во чевелот на другиот” и чувството на емпатија е еден од важните елементи за развојот на една личност.

Денес учениците од IV-1 oодделение преку разни активности –текст, мислење и глума имаа за задача да размислат пред да направат нешто или да кажат нешто во врска со  нивните секојдневни случки. Да научат да сослушаат, да бидат трпеливи, толерантни, да се стават во улога на некој друг кој е поразличен од нив и да научат како да помогнат во одредена ситуација.

Преку игра и драматизација и личен пример со помош на дефектологот успеаа да разберат дека треба секогаш кога можеме да помогнеме без разлика што ќе кажат другите. Дали другите ќе ја оправдаат или осудат нашата постапка.

Голема благодарност до Снежана Миленкова ,нашиот училишен дефектолог.