Добрите навики ги стекнуваме и развиваме од мали нозе!
Денес со учениците го одбележавме Светскиот ден на штедењето.
Целта на активностите беше да се поттикнат децата за штедење уште од најмала возраст.
Преку интерактивни презентации, склопување касички за штедење, учениците учеа за парите и за важноста на штедењето. Учениците активно се вклучија во дискусиите за значењето на парите, за важноста на грижата и за управувањето со заштедените пари може да се реализираат финансиските цели во иднина
“Убаво е да се штеди, навиката многу вреди”!





