Одделенските наставници од нашето училиште оваа учебна година се вклучија во интерен училиштен проект „Рака за рака со семејството“. Проектот предвидува активности кои ќе траат цела учебна 2025/2026 година со вклучување на семејствата во наставните и воннаставните активности.
Општата цел на проектот е да се зајакне соработката и поврзаноста помеѓу учениците, родителите и училиштето преку заеднички едукативни и креативни работилници кои ќе поттикнат доверба, поддршка и заедништво.
Во месец септември се спроведоа состаноци на кои наставниците ги договараа активностите, додека во месец октомври се одржуваа работилници за детските права. Наставниците во своите паралелки организираа заеднички работилници со родителите под мотото „Да се потсетиме на детските права“.
Одговорен наставник:
Тања Јовановска













