
Традиционално и оваа учебна година во соработка со Хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ-ОА „Свети Спас‘‘ во училиштето се одбележа Недела на борба против гладта од 16-22 октомври под мотото „Македонија без глад‘‘.

По тој повод од 16.10.2025 год.- 22.10.2025 год.нашето училиштето се вклучи во оваа хумана иницијатива преку собирна акција и придонес со донација на прехрамбени производи и производи за хигиена.

Голема благодарност до сите родители, ученици и наставници кои со својата добрина и несебичност дадоа придонес во оваа хумана мисија.

Вашата поддршка е доказ дека заедно можеме да направиме промена и да донесеме надеж таму каде што е најпотребна.
