Преку свеченa приредба нашите првачиња станаа дел од Детската организација. Нивните другарчиња им приредија прекрасна приредба исполнета со насмевки, песна и радост! 🎭💛
Првачињата давајќи го своето Ветување пред сите, станаа членови на најголемото рамноправно семејство во кое членуваат дечиња од целиот свет, без разлика дали се бели, црни или жолти, без разлика на кој јазик зборуваат или со какво писмо пишуваат.
Веселата атмосферата не потсети дека детството е најубавото време – полно со љубов, другарство и соништа!
Посакуваме секое дете да расте со љубов, грижа и насмевка – затоа што секоe дете заслужува безгрижно детство!

















