Одбележување на 11 Октомври

По повод државниот празник 11 Октомври –Денот на народното востание, учениците од нашето училиште учествуваа во креативни активности со цел да го одбележат значењето на овој важен ден од македонската историја.
Преку ликовно и литературно творење, учениците изразија почит кон минатото, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за слободата на Македонија. Беа изработени бројни цртежи, литературни творби и пораки кои ги отсликаа вредностите што ги носи овој празник-слобода, борба единство во иднината.
Активностите беа реализирани во пријатна и инспиративна атмосфера, со активно учество и вложен труд од страна учениците. Потсетија дека сме должни да ја чуваме историјата и со гордост да ја пренесуваме на идните генерации.
Честит нека ни е 11 Октомври – Денот на народното востание!