Детска недела

Секоја година првата седмица на месец октомври се посветува на децата. Нашето училиште и оваа година ја одбележа Детска недела, под мотото ,,Детето денес – иднината утре”.
Преку низа активности спроведени во нашето училиште со цел поттикнување на детската креативност, пријателство и почитување на детските права. Учениците учествуваа, ликовни и литературни активности, спортски игри и едукативни разговори, работилници за правата на децата и нивните должности
оддадовме белег на оваа недела посветена на детето.
Наставниците посветија внимание на теми поврзани со взаемна помош, толеранција, емпатија и правата на децата, а целата недела помина во весела, пријатна и позитивна атмосфера. Со овие активности, учениците ја покажаа својата креативност, хуманост и тимски дух, потсетувајќи нè дека детството е најубавиот и највредниот период во животот.
На дел од работилниците учество имаа и родителите со своите дечиња кои допринесоа заеднички во изработка на уметнички творби за украсување на училиштното пано. Ваквите средби потсетуваат дека соработката помеѓу родителите и училиштето е клучна за правилен раст и развој на детето.
Кога родителите активно се вклучуваат во воспитно-образовниот процес, децата чувствуваат поголема поддршка, сигурност и љубов – највредните темели за нивната иднина.