Oсвоено II место во атлетика

По повод државниот празник 11 Октомври во општина Лозово се организираше атлетски настан во повеќе трки, каде што земаа учество и наши ученици.
👉 Учениците Јана Милојеска и Дариј Тодороски од VI-1 одделение се пласираа на подиумот и двајцата се пласираа на второто место на трката од 200 метри.
🏃‍♀️🏃 Тие се членови на атлетскиот клуб ,,Делта” кои што одржуваат тренинзи во нашата училиштна спортска сала.