По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на учителот, на 5 Октомври во нашето училиште учениците организираа најразлични активности. Учениците им подарија и честитки на своите наставници во знак на благодарност за нивниот труд и посветеност.Со овие активности успешно беше одбележан Денот на учителот, со што уште еднаш се нагласи значењето на оваа благородна професија и улогата на учителите во создавање идни генерации.
Еве неколку цитати кои ќе ја истакнат вредноста на учителот:
,,Зад секое успешно дете стои посветен учител’’.
,,Еден добар учител може да промени илјада животи’’.
,,Учителите ги учат децата како да мислат а не што да мислат’’.
,,Образованието е најсилното оружје со кое може да се промени светот’’.
































