Турнир во шах -Прво коло

На ден 4.10.2025 во 10 часот во  ООУ ,,Лазо Ангеловски” се одржа првото коло од училиштниот турнир во шах во две категории:
– Ученици од I-V и ученици од VI –IX одделение.
👉 Нашето училиште зема учество со по 6 ученици од секоја категорија и 4 во резерва.
👉 Овој турнир е во организација на Шаховски клуб ,,Аеродром” со поддршка на Општина Аеродром.
🎯 Настанот свечено го отвори градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митевски кој им посака успех и фер плеј на сите учесници.
♟️ Дружејќи се со шахот го поттикнуваме талентот и љубовта кон спортот и интелектуалните игри.
👉 Дружењето продолжува во наредните тримесечија. Дотогаш играјте шах и уживајте !!🌟