На 13 јуни 2025 година во нашето училиште се доделија свидетелствата на учениците од деветто одделение.
Со желби за многу успех во иднина, но пред се многу здравје и среќа на сите ученици, нашето училиште испрати уште една успешна генерација.
Честитки за нашиот ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2016- 2025 година ученичката Македонка Цветановска од IX- 2 одделение.
Директорката Даница Соколова и додели диплома, а исто така диплома добија и пофалените ученици Јосиф Најдовски од IX-1 одд и Калина Конеска од IX-2 одделение.
Од името на Директорката на училиштето, одделенските раководители, сите наставници и вработени во училиштето, на сите ученици им го честитаме постигнатиот успех, и им посакуваме смело да чекорат во остварување на своите соништа.

