Во текот на оваа учебна година ,во нашето училиште се спроведе проектот ‘ DIY-Creative English Learning ‘ , иновативен eTwinning проект , осмислен со цел да ги вклучи учениците во создавање на практични наставни помагала за унапредување на учењето на англискиот јазик. Учениците соработуваа во дизајнирање и изработка на различни едукативни материјали, како што се друштвени игри, постери, флеш-картички и многу други. Овие креативни ресурси беа разменети со партнерските училишта од Турција,Полска и Северна Македонија,преку традиционални поштенски услуги, со што се поттикна интерактивна размена на алатки за учење.
Проектот не само што го подобри познавањето на англискиот јазик, туку и ја поттикна креативноста, тимската работа и меѓукултурната комуникација меѓу ученици од различни региони.
Проектот се реализираше со учениците од lX -3 одделение:
Ива Блажевска
Ива Секуловска
Николина Стојановска
Ања Спасовска
Кристина Јованоска
Одговорен наставник: Јасмина Ѓорѓевска









