Завршна приредба

Довидување училиште… Добре дојде, лето!

Вчерашниот ден го прославивме крајот на уште една учебна година, исполнета со насмевки, музика и гордост за сè што научивме и доживеавме заедно.

️Особено емотивно беше за учениците од V-1 и V-3 одделение кои со својата свечена приредба, со безброј прегратки, насмевки и по некоја скриена солза сведочеа за врската што се градела пет години со нивните прекрасни наставнички.

Низ песни, музика, глума и насмеани лица, со заслужени аплаузи најмалите првачиња од I-2 и I-3, како и другарчињата од II-3 одделение со кратка, но слатка приредба го заокружија крајот на една прекрасна учебна година.

Добре дојде лето! Нека биде полно со авантури, сонце и нови соништа!