Еднодневен излет во Сарај

Рекреативен излет во природа – ден исполнет со смеа, игра и другарство!

На ден 5.6.2025 година  со учениците од прво до деветто одделение се реализираше излет во Сарај.

Овој излет беше реализиран како дел од Годишната програма за работа на училиштето.

Со многу насмевки, прошетки во природа и забава, го искористивме убавото време за дружење, игра, натпреварување и зајакнување на тимскиот дух.

Свежиот воздух и детската енергија создадоа незаборавна атмосфера. Насмевките и веселбата беа најдобрата потврда дека ваквите денови се навистина вредни!