Завршна приредба

Детската среќа е бесценето богатство кое се искажува низ детските игри и детската песна. Децата се најискрените битија кои даруваат љубов без да побараат за возврат нешто.

Се наоѓаме пред прагот на летниот распуст и учениците од II-2 и V-2 одделение преку скромна манифестација, а со многу упорност, посветеност, труд, волја, радост, гордост, многу насмевки … заокружија уште една успешна година.

Преку песни, игри, стихови и драмски точки нашите ученици покажаа и докажаа колку пораснаа не само во знаење туку и во другарство, одговорност и почит кон училиштето и наставникот.

Секој добиен аплауз беше благодарност за вложениот труд.

Наставничките им посакаа среќно, весело и безгрижно лето во кое ќе соберат многу енергија за соочување со предизвиците што следат.

 

Одделенски наставнички:

Христина Анѓелеска и Маја М.Гигова II-2 одделение

Тања Јовановска V-2 одделение