Едукативно предавање од родител- стоматолог

На ден 4.6.2025 во нашето училиште oд страна на стоматолозите од амбулантата беше спроведена четвртата по ред работилница наменета за учениците од првите одделениjа.

Темата на оваа работилница беше

,,Редовна посета на стоматолог и употреба на флуроиди во превентивни цели”.

Во текот на едукацијата се користеа видео презентации со цел унапредување на денталното здравје и превентива.

Учениците беа мошне заинтересирани а превентивниот тим со наставниците ќе продолжи со едукацијата спроведена преку литературни и ликовни творби и организирање на квиз натпревари соодветно на возраста на овие ученици.